Мицкоски: Пендаровски е дволичен, внатре зборуваше едно, а пред камерите друго

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека претседателот Стево Пендаровски е дволичен, одговарајќи на новинарско прашање за нивната вчерашна средба и изјавата на Пендаровски дека едвај 4-5 минути зборувале за нападот на Собранието на 27 април.

-Ние генерално внатре се сложивме за сè, но очигледен е притисокот кој се врши врз него од новинарски пера кои се под директна команда на СДСМ и на Зоран Заев и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски. Јас го разбирам, нормално не можам да го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност. Едно лице да имате на средбата, а друго надвор пред камерите, изјави Мицкоски пред пазарот во Делчево.

Сепак, Мицкоски вели дека е задоволен што „и ваков притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека ако имаме нови докази за овој случај, како и многу други случаи во минатото да започнат отпочеток“.

Поврзани новости