Ангеловски: Намален бројот на сообраќајни незгоди и жртви во 2021 година

by Fokus

Министерството за внатрешни работи продолжи со спроведување на засилени акциски контроли на делницата од Штип до Берово. Како што истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес – конференција во Делчево, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 133 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената.

– Од овие санкции, 117 се надвор од населено место, а 16 во населено место. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат, изјави Ангеловски.

Додаде дека како резултат на преземените мерки бројот на жртви во сообраќајни незгоди во 2020 година изнесува 125, што е најмал број на жртви.

– И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто, доодаде Ангеловски.

Со цел овие бројки да бидат уште понамалени, акциските контроли на МВР, истакна Ангеловски, ќе продолжат и во наредниот период.

Поврзани новости