648
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се обрати во струшкото село Ташмаруништа по повод Денот на републиката. Тој порача дека Македонија ги живее најтешките години од независноста.
„Знам дека ова време се најтешките години од независноста до денес, но сетете се колку им било тешко на грамадните Илинденци да кренат востание против најголемата империја, и асномците да се борат против дотогаш најголемата воена сила. Голораки, против најголемите, но со срце пламено, со храброст грамадна“, рече Мицкоски.