Мицкоски: Одговорност за националната катастрофа мора да има, и ќе има!

by fokus

Националната катастрофа денес зема уште поголеми размери. 535 новозаразени од #COVID, 6 починати, напиша Христијан Мицкоски на фејсбук.

-Политиките на Владата удираат во ѕид. Нема резултати од нивните мерки, но има од нивното половично и селективно спроведување. Бројките на заразени покажуваат дека граѓаните се препуштени сами на себе. Ако некој се надева на поддршка од оваа Влада фрлена на крадење, треба да знае дека нема да ја добие.

Во денот кога над петстотини луѓе се новозаразени, вест е дека Владата на премиерот Зоран Заев си доделила концесија на компанијата на својот брат и братучед, и дека европските пари за проекти завршиле кај брат на пратеник од власта.

Ова се вика мафија која земјава ја направија главно упориште на Ковид во Европа, рекордер по смрт, зараза и неспособност која убива. Уште колку животи ќе се изгубат за да поднесат оставки? Нивната власт за народот е смрт.
Одговорност за националната катастрофа мора да има, и ќе има!, напиша Мицкоски на фејсбук.

Поврзани новости