Најпрвин да го победиме корона вирусот, а потоа ќе се случи дебакалот на ова раководство на СДСМ, порача на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во својот говор рече дека власта доживеала пораз во борбата со Ковид 19 и затоа најпрвин треба да се справиме со пандемијата, а потоа да се организираат избори.
На прашањето, дали сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на изборите на засега избраниот датум, 5 јули, Мицкоски рече:
-Кажав дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши ниту од СДСМ, заедно со нивното луј витон обвинителството и нивното трас -трас судството, нивните куферчиња и поткупи. Не им се плашиме и ќе излеземе и ќе го победиме СДСМ, рече Мицкоски.
Потоа Мицкоски додаде:
-Нас единствено што не плаши е што сме рекордер на Балканот по заразени од вирусот Ковид-19, а секој ден умираат по пет-шест луѓе. Иамаме повеќе заболени од цел Балкан заедно. Ајде прво тоа да го завршиме, а потоа првиот слободен термин да го искористиме и да се соочиме на избори. Ние сме секогаш за компромис, на располагање сме доколку СДСМ и ДУИ ценат дека им е потребен нашиот став, рече Мицкоски.