Мицкоски од Чаир: Економијата тоне, Македонија нема време за губење, мора да се врати насмевката кај луѓето

by Fokus

Граѓаните се повеќе губат надеж, а економијата тоне. Секој поминат ден значи загубено време за реформи, и подобрување на стандардот на граѓаните, напиша новиот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук профил по одржаниот состанок во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир.

Според него, во државата има нефикасна економија и речиси стопирани капитални вложувања.

– За 8 месеци нема ниту еден завршен, ниту отпочнат капитален проект во државата, само најави, и нереализирани фалења. Сите економски показатели говорат дека економијата преживува, а се добива впечатокот дека владата работи по принципот “купи ден, помини”, без стратегија и без суштински потези. Бизнисот ја губи економската слобода, а макроекономските показатели се поразителни. БДП-то стагнира, и се движи околу 0 раст. Тоа значи дека целата економија не оди напред, а граѓаните го плаќаат цехот. Ова мора да престане. Македонија нема време за губење повеќе. Потребни се храбри и одлучни чекори, потребна е мудра политика базирана на вистинските потенцијали на оваа земја. Мора да се врати изгубената надеж и насмевката кај луѓето. Мора борбата да се насочи кон овозможување на подобар живот за секого – истакна Мицкоски.

 

Поврзани новости