Мицкоски: Нема да поддржиме закон за амнестија на Заеви, притисоците ќе поминат

by Фокус

Не можеме да поддржиме закон чија цел е амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако владејачката СДСМ го повика да го поддржи законот за обвинителство за да не биде кочничар на правдата.

„Секој што се огрешил пред законите и посрамотил пред граѓаните ќе треба да понесе одговорност. Но, Вие сте грешеле многу и затоа сега ви е потребен закон за обвинителството ваков каков што е за да можете да излезете пред членовите на вашиот ЦК и да ги убедувате дека сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги притиснеле странците да го подржат законот па така Катица како ново промовиран заменик републички обвинител, помошниците на Катица во новото обвинителство заедно со нивните братучеди, внуци, снаи, соседи и пријатели на Катица, но и по некој член на СДСМ во тимот истражители и администрација ќе носеле правда во “заробената држава”, а денес со голем дел од тие луѓе се уортачивте и заеднички ковате планови против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Притисоците ќе поминат. Катица и останатите ќе имаат можност да докажуваат низ фер истражна постапка дали се или не се дел од октоподот наречен рекет, а вие заедно со вашите нови ортаци ќе бидете поразени на следните предвремени избори и затоа бегате да проверите дали блескате или ќе ве блесне народот со жестока казна, ден порано“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Притоа, тој овој статус го започна со цитат на Patrick Rothfuss, кој гласи „моќта е во ред, а глупоста најчесто е безопасна, но моќта и глупоста заедно се опасни“, поради кој, како што рече, одлучил да одговори на прозивките.

Поврзани новости