Мицкоски не потврди дали 5 јули е можен датум за избори, но тврди дека има разговори

by Fokus

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не потврди дали 5 јули е на маса како можен датум за избори, но рече дека разговори меѓу политичките партии има и нагласи дека нивниот став е јасен.

„Нашите позиции поврзани со предвремените парламентарни избори македонската јавност ги знае, исто така и нашата позиција дека компромис треба да се постигне за интересот на граѓаните и државата, но не по цена на здравјето на граѓаните. Канал на комуникација постои. Јас не би сакал да изнесувам дополнителни коментари во врска со каналот за комуникација кој постои бидејќи, како што реков, не сме сите исти и не се занимаваме сите во ваков тип на брифинзи. Доколку има договор и кога ќе има договор ние ќе и го соопштиме на јавноста“, рече Мицкоски.

Поврзани новости