Мицкоски најави „епски криминал“ на ДУИ тежок 900 милиони евра

by Фокус

Во деновите кои што следат на сите ќе им стане јасно за што се наменети 900 милиони евра и јавноста ќе биде сведок на епски криминал, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– За реализација на еден проект кој што долго време ДУИ го најавува, како предигра на таа реализација направена е промена на сопственичката структура на една градежна компанија каде што нов сопственик е човек, фамилија блиска до ДУИ. Ќе бидеме сведоци на еден епски криминал кој што ќе се случува во периодот кој што следи – потенцираше Мицкоски.

Тој тврди дека власта се обидува да ја скрие вистинската намена на тие 900 милиони евра.

-Прво ќе излезат и ќе кажат дека биле 900 милиони евра за буџетска поддршка, за ликвидноста на буџетот. Видоа дека таа приказна тешко проаѓа и наидува на критика во јавноста, па потоа се обидоа на мала врата да протнат една друга теза дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година и првиот квартал од оваа година, нешто повеќе од дванаесет проценти од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат. Суштината е нешто друго и повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес – рече Мицкоски.

Поврзани новости