Зошто Теута Арифи заработи кривична пријава?

by Фокус

Општина Тетово на чело со Биљал Касами поднесе кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи, како и еден функционер, судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања, со што е оштетен општинскиот буџет во износ од 68 милиони денари.

На прес конференција, Касами објасни дека се работи за случај на експропријација кој датира од 80-тите години, кога вредноста била 3 милиони денари, а повторно бил активиран во 2015 година, кога е пресметана камата.

– Вредноста на експропријацијата била три милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните – рече Касами.

За овој случај, додаде тој, од добивањето на мандатот само за камати платиле над 29 милиони денари или приближно половина милион евра.

Инаку, Општина Тетово е една од најзадолжените општини и со блокирана сметка, така што долгот изнесува над 20 милиони денари.

Поврзани новости