Мицкоски на средба со Рикер: Му кажав дека власта нарачува притвори и пресуди

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со идниот помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер.

-Разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава. Посочив дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Исто така посочив дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.
Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.
Ја истакнав важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Со господинот Рикер се согласивме дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели, соопшти Мицкоски.

Поврзани новости