1K
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Аеродром изјави дека СДСМ и БЕСА подготвуваат федерализација на Македонија.
-На маса е Македонија, да не биде дека не е споменато пред време затоа што првиот чекор е федерализација, вториот чекор е конечно уништување на Македонија и секој оној кој ќе излезе на 15 јули и ќе заокружи пред името на Никола Димитров и за волјата на СДСМ и Беса треба да е свесен дека заокружува за уништување на Македонија – рече Мицкоски.
Тој додаде дека ДПМНЕ на овие избори излегува со понуда содржана во 360 страни наречена Проект „Обнова“, каде може да се најдат повеќе од 1000 проекти.