Заев: Капиталот на моето семејство се движи меѓу 8,5 и 10 милиони евра

by Фокус

Али Ахмети многу добро знае кој носеше храбри одлуки без да мисли на сопствениот рејтинг, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на Алсат М.

-Не мислам само на договорот од Преспа и договорот со Бугарија, туку ние се тие кои промовиравме и искрено мислиме дека Македонија ке биде општество еднакво за сите граѓани. Па ајде нека кажат од ДУИ што тие помислиле или направиле за другите етникуми во државава освен за нивниот етникум. СДСМ има и министри и градоначалници и партиски функционери Албанци и немаме воопшто предрасуди – истакна Заев.

Во однос на снимката каде говори за неговиот капитал, тој рече дека капиталот на неговото семејство се движи меѓу 8,5 и 10 милиони евра, а годишно плаќа 10 милиони евра за даноци и придонеси.

-Јас се гордеам со тоа како искуство. Јас сум човек од село, ја знам земјоделската мака, сум поминал многу време на пазарите низ Југославија каде ги продавав нашите производи. Но има и проблеми, маркетите Зови Промет ги затворивме, дојдоа Веро, Тинекс, големите маркети. Градежништвото престана… – истакна Заев, додавајќи дека ги поминал сите скалила до успехот.

Поврзани новости