Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец.
На средбата Мицкоски изразил загриженост од фактот дека Република Македонија не само што не оди напред, туку и назадува во поголем број области.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, двајцата соговорници разговарале и за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го запознал амбасадорот за состојбата во државата и актуелните случувања, со особен осврт на фактот дека во Република Македонија сериозно се загрозени човековите права со политичкиот терор кој го спроведува власта.
Мицкоски пред Јазбец говорел и за лошата економска состојба, која, како што посочил е предизвикана од лошите економски политики на Владата кои се повеќе им штетат на граѓаните.