Засадени дрва за мир во Диво Насеље

by fokus

Во чест на 9 мај, Денот на Европа, денеска на тротоарите во Диво Насеље во Куманово, беа засадени дрвца со порака за пријателство и мир. 9 мај – Денот на Европа се одбележа и со низа други активности во Куманово.

Дрвата беа насадени во близина на местото каде што пред три години, на 9 и 10 мај се случи вооружената престрелка во која загинаа девет припадници на МВР.

-Куманово е космополитски град. Тука особено не заслужуваат да гинат припадници на македонските безбедносни сили, рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Поврзани новости