Мицкоски: Му понудив на Заев помош за евроинтеграциите, но понудата повеќе не важи

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека поради две причини Македонија не добила датум за преговори од ЕУ во предвидениот рок. Според него, една од причините е незадоволителна работа во поглед на реформите.

-Најпрвин немаме доволно реформи, се тоа е убаво на хартија, за жал имплементацијата изостанува. Од последната афера со Рашковски па наназад, се се нотира во извештаите на земјите членки на ЕУ, они се сведоци на овој криминал и злоупотреби на судството. Вториот столб е тоа што Заев е уценет човек од неговиот ментор Еди Рама, ги соединија Македонија и Албанија во патот кон ЕУ. Жртва сме во овој процес и нема да добиеме дата за отпочнување преговори со ЕУ, ниту во јули нема да добиеме – рече Мицкоски во денешното интервју на Алфа ТВ.

Тој вели дека на премиерот Зоран Заев му понудил помош во евроинтеграциите, но дека не добил одговор.

-Му рековме „не ни треба да влеземе во Влада да делиме Влада со тебе, но да ви помогнеме до октомври заеднички да успееме да ја донесеме Македонија пред добивање датум“. Неколку недели поминаа немаме повратен одговор, оваа понуда не е со неограничен период, таа престанува да важи – рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лобира кај сестринските партии.

 

Поврзани новости