Мицкоски: Мораме да ја демонтираме мафијата, пред тие да ја демонтираат државата

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешниот празник со своите сопартијци го одбележа со протест.

-Мораме да ја демонтираме мафијата пред тие да ја демонтираат државата, мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја распродадат татковината!

ВМРО е пркос, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување.
ВМРО е нашата сила, но и нашата слабост.
ВМРО се Илинденците, Партизаните, Асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите.

ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но немирот за слобода, правда и човечко достоинство.
Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона, напиша Мицкоски на фејсбук.

Поврзани новости