531
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека најголемиот дел од членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или ќе, како што рече апстинираат или ќе гласаат против.
-Мнозинството членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ или ќе апстинира од гласање или ќе излезе и ќе гласа против. Ако овој Договор биде ефективен, Македонија ќе биде дел од ЕУ ако ги исполни останатите услови според мерит системот. Кој гарантира дека ако ние го решиме спорот и си ја завршиме домашната задача, ќе влеземе во ЕУ. Кој ни гарантира дека Грција нема и понатаму да не блокира со своите мускули?, рече Мицкоски.