Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров, шефот на дипломатијата Бујар Османи и специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски се спремни утре да ги прифатат барањата на бугарските политичари.
-Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.
Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија.
Загрозени се националните и државни интереси, Заев им дава поклон кој многу скапо ќе ја чини нашата држава.
Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров, напиша Мицкоски на фејсбук.