СДСМ на оглас бара кандидати за градоначалници

by fokus 13:14
13:14

Од СДСМ денеска информираат дека отвориле јавен повик за самокандидирање за градоначалници. Оттаму велат дека нивната цел е да ги изберат најдобрите кандидати за секоја општина.

-Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за​ претстојните​ локални избори.
Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто, велат од СДСМ.

- Advertisements -

Според повикот граѓаните е потребно да ги исполнуваат следните критериуми:

– Да бидат полнолетни, односно да имаат наполнети 18 години живот, (во согласност со член 7 став 2 алинеја 1 од Изборниот законик);
-Да бидат државјани на Република Северна Македонија;
-Да се работоспособни и да имаат општа здравстена способност;
-Да имаат деловна способност, (во согласност со член 7 став 2 алинеја 2 од Изборниот законик);
– Во целост да ги почитуваат позитивните законски прописи на РСМ и да не се води постапка за било какви дејствија спротивни на закон;
– Целосно исполнување на предвидените законски услови за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје;
-Кандидатите за градоначалници може да бидат граѓани со постојано живеалиште во општините и градот Скопје каде што се врши изборот (во согласност со член 7 став 4 од Изборниот законик);
-Изработка и доставување на детална програма со предлог идеи, проекти и визија за развој на општината или градот Скопје за периодот 2021-2025 година;
– Да уживаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење да ја имаат подршката од сите етнички заедници;
– Почитување, вреднување на принципите и вредностите едно општество за сите граѓани;
-Да бидат угледни, чесни, професионални и стручни во делокругот на својата работа;
– Да поседуваат дополнителни вредности и капацитет за мобилизирање на граѓани;
-Во целост да ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија;
-Со своето минато, кандидатите, мора да влеваат недвосмислена сигурност, убедливост дека имаат капацитет за успешно извршување на функцијата и мандатот за кои се предлага, водејќи се од принципот на солидарност, еднаквост и толеранција;
-Да потпишат изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат;
-Изјава за прифаќање на кандидатура за градоначалник од редовите на СДСМ.

 

Поврзани новости