Мицкоски кон Груби: Му посакувам успешна политичка кариера

Ако Груби е сигурен дека имаат 80 пратеници за уставните измени, нека ја поднесат иницијатива во Парлементот

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Илинден на прашањето како ја коментира изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека имаат 80 пратеници за уставните измени, посочи дека ако се толку сигурни иницијативата да ја поднесат во парламентот и ќе се види дали имаат или немаат 80 пратеници за уставните измени.

-Одлично супер, нека ги поднесат предлог иницијативата во парламентот и ќе види дали имаат или немаат, зошто тогаш лидерски средби за уставни измени ако имаат 80 пратеници. Мислам дека господинот Груби има поинаква намера, но јас му посакувам многу успех во неговата политичка кариера и сепак државниот интерес е пред и над се, тука го вклучувам и личниот интерес, некогаш во животот треба да направите и чекор два назад, рече Мицкоски.

Поврзани новости