665
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека најголемата опозициска партија одлучила на вчерашниот извршен комитет да собира потписи против предлог-законот за попис доколку владеачкото мнозинство не го повлече од Собранието.
– Доколку тоа не се случи, по очигледната злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање на потписи за предлог-закон за поништување на овој предлог-закон што треба да се донесе по насилен пат, рече Мицкоски.