Мицкоски: Ќе и бидете први соседи на Катица, Бојан и Зоран

by fokus

Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За правдата не планирам никаков компромис

Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат.Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис.

Publiée par Hristijan Mickoski sur Mardi 3 septembre 2019

Тој објави и видео порака, во која ѝ порача на владејачката партија дека „што си дробеле тоа ќе си сркаат“.

„Тој што се огрешил и се посрамотил пред граѓаните, ќе си одговара. Ќе им бидете први соседи на, таа што ја сместивте таму, Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милевски“ порача Мицкоски.

Поврзани новости