Мицкоски: Ќе дадеме поддршка на Арсовска

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека неговата партија застанува зад независната кандидатура на Данела Арсовска „како кандидат на граѓаните, а не на партијата“. Како што додаде Мицкоски, очекува Арсовска да победи.

„Данела Арсовска не е наш кандидат за градоначалник на Скопје, туку е кандидат на граѓаните и таа побара поддршка од партиите за својата кандидатура. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука на своите партиски тела да ја поддржи кандидатурата на Арсовска за добро на Скопје и скопјани. Очекуваме таа да победи“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,

Поврзани новости