Мицкоски: Кандидатите на СДСМ се реинкарнација на транзициската олигархија

by fokus

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Бутел, вели дека понудата на кандидати за градоначалници од СДСМ всушност се стари истрошени кадри, нарекувајќи ги мали зоранчиња.

-На овие локални избори и понудата му се стари и истрошени кадри. Секаде клонови кои личат на него. Јас ги нарекувам мали зоранчиња. Повеќето стари градоначалници кои не направија ништо, а онаму каде смени по некој, задолжително тој е син на некој профитер од транзицијата кој совршено се вклопува во квалификацијата зоранчиња.
Понудата во Скопје му е реинкарнација на транзициските кадри, реинкарнација на олигархијата. Ако во деведесеттите владееше олигархијата на СДСМ, сега Заев ги става нивните деца да се борат за функции и да заработуваат на потта на работникот. Таму крадењето и пиењето на крвта од народот и заработувањето на туѓата мака станува традиција.
Па така во Аеродром е синот од стеблото Филиповци кои управуваа со транзицијата во деведесеттите. Таткото, поранешен пратеник и директор на Аеродромите во Македонија, чичкото поранешен министер за економија-дел од приватизацијата, а другиот чичко еден од директорите на Охис-компанија која знаеме како заврши, рече тој.

Поврзани новости