ИСИС ја презеде одговорноста за нападот врз џамијата во Авганистан

by fokus

Терористичката организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз џамија во североисточната авганистанска провинција Кундуз, соопшти групата на своите канали на Телеграм.

Во нападот на џамијата загинаа 46 лица, а повеќе од 140 се повредени, јави авганистанската државна агенција Бахтар.

Џамијата ја користеле луѓе од малцинската шиитска муслиманска заедница, јави Бахтар.

На лице место се испратени специјални единици, а очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва.

Во Авганистан во последните недели беа пријавени неколку напади, вклучително и еден врз џамија во Кабул, за кој одговорност исто така презеде Исламска држава.

Поврзани новости