Мицкоски: Како ни се одзема седиштето, кога ВМРО-ДПМНЕ не беше ниту странка во процесот?

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека пресудата со која се предвидува одземање на седиштето на партијата е класична политичка пресуда без докази.

-Тоа е класичен политички случај против ВМРО-ДПМНЕ. Се уште ја немаме добиено пресудата, но освен политички тези немам друго добиено како доказ. Апсолутно нема ништо криминално. Првата теза е дека компанијата која го градела седиштето работела на криминален начин и на таков начин добивала тендери од државата. Дали има некој процес или пресуда за таа компанија? Како може да тврдите дека тендерите се криминални, ако нема ниту еден доказ? Второ, ВМРО-ДПМНЕ не е странка во процесот, не е ниту обвинета. Како ни се одзема имот, а не сме обвинети во процесот?, праша Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против оваа одлука и пред Апелација, а и во Стразбур.

 

Поврзани новости