704
Јас сум за апсолутна правда, која ќе важи за сите, без никаков исклучок, порача првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешната прес-конференција.
„Паднаа маските, се потврди дека Заев се бори за амнестија, стравува за скандалите кои се провлекуваат низ јавноста. Јас сум за апсолутна правда, која ќе важи за сите, без исклучок. Уставот мора да важи за сите подеднакво. Ги повикувам пратениците и да не го гласаат овој закон. Ваквиот закон нема врска со европските вредности. Послушајте ги професорите што кажуваат. Веднаш да формираме тим од правни експерти да состават закон, за нас е важен да имаме квалитетен закон, а не амнестија за Заев“, истакна Мицкоски.