Јанша му најави тужба на Шарец за изјавата дека се финансира од Унгарија

by Фокус

Адвокатот на Словенечката демократска партија (СДС) на опозиционерот Јанез Јанша испрати писмо до словенечкиот премиер во оставка Мајан Шарец, со кое му најави тужба ако не се извини за изјавата дека СДС се финансира од Унгарија.

Самиот Шарец преку социјалните мрежи го објави писмото во кое адвокатот на СДС бара премиерот да се извини за изјава дадена на државната телевизија, каде кажал “тешко е да се соработува СДС” и “СДС се финансира од Унгарија”.

„Па, ќе се извинам зашто го кажав сопствено мислење, кое го делат и многу други. Сепак живееме во слободна држава. Како и да е, иднината е добро опишана во ова писмо, доколку партијата на Јанша ја состави идната влада“, напиша Шарец.

Поврзани новости