Кривична за тетовец: Со нож и се заканил на сопругата, а ги малтретирал и децата

by fokus

Жител на село Палатица доби кривична пријава, поради тоа што физички ја малтретирал својата сопруга и децата, а се заканил и со нож по нејзиниот живот.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Ф.(42) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавениот, подолг период психички и физички ги малтретирал негова сопруга А.Ф.(38) од с.Палатица и нејзините три малолетни деца. На 13.12.2019 во семејниот дом во с.Палатица, по претходна расправија, со нож ѝ се заканил по нејзиниот живот“, велат од МВР.

Поврзани новости