Мицкоски: Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија го има и на други клиники!

by Фокус

Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија, укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат.

-Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники – кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп.

Тој додаде дека се истражуваат овие наводи и наскоро за тоа ќе излезат во јавноста.

-На канцер мафијата мора да и се стави крај – порача Мицкоски.

Поврзани новости