Што направивме, што денеска се случува и што е она кое што ќе го направиме во периодот кој што следи бидејќи нова генерација политичари во Македонија, нова генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврската и привилегијата е да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ.
И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека сите ние можеме да одговориме на тој предизвик она како што знаеме и умееме, цврсто, храбро и мотивирано и да го одбраниме македонскиот народ, вели проф. д-р Христијан Мицкоски на денешниот Научен симпозиум 129 години ВМРО „БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ. – изјави Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека граѓаните очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ како наследник на организацијата да ги преземе сите чекори за обезбедување на иднина на граѓаните, и покрај тоа што на централно ниво е опозиција, потенцирајќи дека за тоа е потребен општествен договор за кој што зборувал минатата година на Конгресот.