Откако во јавноста се се погласни тврдењата дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски ги нарушиле односите, таква потврда стигна и од актуелниот градоначалник.
-Тие што се мои обврски како коалиционен договор во Карпош се исполнети во целост, но коалициските договори во Скопје и во Македонија и обврските на ВМРО ДПМНЕ се „чиста нула“, изјави Јакимовски во гостување на една емисија.„ГРОМ не е партија на потрчковци““, истакна Јакимовски во интервју за „Само вистина“.
Од друга страна, исто прашање му беше поставено и на Мицкоски, кој не сакаше да го коментира делот со нарушени односи.
„Можам само да кажам дека за одредени теми имаме различни гледишта. Јас имам свои аргументи. Јас сум секогаш подготвен за дискусија, да разговараме, стојам на располагање, зошто така ги квалификувал нашите односи. Нека ме побара, слободно ќе позборуваме. Што се однесува на локално и централно ниво, ние функционираме како коалициски партнери. И тука во Гази Баба имаме советник од ГРОМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.