Левица бара инспекција за спроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната

by Fokus

Партијата Левица до Инспекцискиот совет поднесе барање за информации од јавен карактер кои се однесуваат на тоа, кои инспекциски служби кои се надлежни за спроведување на надзор над примената на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

Инспекцискиот совет според член 11 од Правилникот за формата и содржината на регистрите, води Регистар за закони и подзаконски акти според областа на инспекциски надзор.

-Од советот, Левица доби одговор дека согласно нивниот Регистар за закони и подзаконски акти според областа на инспекциски надзор, законската материја која се однесува на овие два закони, известуваат дека немаат податоци за инспекциска служба која спроведува надзор над одредбите од овие закони. Тоа значи, дека Законодавниот дом воопшто не предвидува надзор на инспекциски служби на кои ќе им биде делегирано спроведувањето на постапување на службата во однос на оваа законска материја, се наведува во соопштението.

Поврзани новости