Мицкоски и Ахмети вечерва разговарале за гласањето доверба на Владата

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се сретнал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ потврдуваат дека се одржала средба на барање на Ахмети.

Она што е вистина, е дека на барање на Ахмети во Собранието се одржа полчасовна средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на Владата на СДС-ДУИ, за што до Собранието се поднесени 61 потпис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираат информациите кои во јавноста ги пласираше ДУИ, дека на средбата се разговарало за тоа дали Мицкоски го прифаќа Преспанскиот договор и која е неговата визија за проблемот со Бугарија.

К.С.Б.

ФОТО: Архивска фотографија

Поврзани новости