Мицкоски: Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои

by fokus

Македонија и Илинден се две испреплетени нишки кои го означуваат идентитетот на секој Македонец, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во честитиката по повод денешиот празник.

-Пред 120 години воден од идеалот за слобода, народот во Македонија ја започна епопејата, го посеа семето на непокорот и тоа беше  крунисано со првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонската држава. И двата Илиндена и тој во 1903 и тој во 1944 година беа меѓниците во македонската историја кои оставија неизбришлив траг во колективната меморија на Македонија.  Илинден беше и ѕвездата водилка и на сите оние кои ја сонуваа и ја изборија македонската независност на 8-ми Септември, но ќе останат и ѕвезда водилка и на сите идни генерации кои ќе се борат за Македонија.
Борбата за Македонија никогаш нема престане. Таа е вечна исто како што е вечна идејата да изградиме татковина која е своја на своето, која е еднаква со сите под ова сонце и која ќе биде напредна и просперитетна. Тоа битисувало и во двата Илиндена, тоа битисува и денес.
Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои. Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија.  Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели, порача Мицкоски.

Поврзани новости