Мицкоски до Заев: Македонија не е раскошот во Лондон, туку суровиот живот во Волковo

by Фокус

Вистината за Македонија не е раскошот во Лондон, туку суровиот живот во Волково, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако една жителка на скопско Волковo ја прекина вчерашната конференција на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски, обвинувајќи за ниското ниво на реализација на инфраструктура во овој реон.

„Вистината излегува на површина. И кога ќе му го кажете ова на Премиерот, тој обвинува дека лажете, арно ама вистината не се крие. Жителите на Волково ја демонтираа розевата слика на Заев, а во позадина во реалноста има тежок живот. Работите кои ги говорам на моите настапи се истите оние кои го мачат реалниот човек и тие кои мора заеднички да ги смениме. Ќе донесеме надеж и обнова за секој еден човек. Тоа е нашата обврска“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Поврзани новости