Македонија може да игра директно во финалето од Лигата на нации?!

by fokus

Европската фудбалска федерација, УЕФА не толерира мешање на политиката во спортот и затоа се закани дека Косово може да добие суспензија од две до пет години, доколку со политички притисок се смени актуелниот претседател.

Политичките обиди за менување на претседателот на ФФК, Агим Адеми, се спротивни на препораките на УЕФА, а полза од евентуална суспензија на Косово би имала и македонската репрезентација, која директно би се пласирала во финалето на Лигата на нации, како последна пречка до ЕП 2020.

Македонија и Косово треба да играат на 26 март во Скопје. Камерун во 2013 и Нигерија во 2014 година беа исфрлени од меѓународните натпреварувања поради мешање на владата во работата на фудбалската федерација.

Поврзани новости