Мицкоски: До полноќ ќе го чекаме Кастриот Реџепи, загрижени сме

by fokus

До полноќ, односно до 12 часот ќе го чекаме пратеникот Кастриот Реџепи, бидејќи физички не сме го виделе, не знаеме дали е некаде по свој волја или доброволно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој неколку часа е во Собрание, но заедно со другите опозициски партии со кои најавија мнозинство не успеаа да обезбедат ниту кворум од 61 пратеник откако во Собрание не се појави Кастриот Реџепи од Беса.

Мицкоски вели дека пратеници не исчезнуваат туку-така во заедниците кој ги навел Реџепи во својот статус, ЕУ и САД.

– Ако вака се практикува политика кај нас сериозно ќе се замислам дали ќе се занимавам со политика. Власта има и други методи и не ме чуди да направат мнозинство поголемо од ова. Се извинувам на граѓаните што мораат денеска да го гледаат овој циркус, рече Мицкоски.

Тој вели дека се загрижени и дека ќе чекаат до 12 часот,до кога треба да се гласа, да се појави Реџепи да видат дали е жив и здрав. Тврди дека ова е срам и ја обвини власта дека се служи со недемократски методи од минатите векови.

Поврзани новости