Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откри дека денеска разговарал со словенечкиот премиер Јанез Јанша и тој му пренел дека тој не креирал нон пејпер за прекројување на границите на Балканот. Но, му рекол дека таков сличен документ креирале Зоран Заев, Тања Фајон и Тонино Пицула.
-Денеска разговарав со премиерот Јанша, но тој друго ми кажа. Тања Фајон, Тонино Пицула и Заев креирале сличен таков нонпејпер кој шири по Европа. Кој многу брзо може да стане познат на македонската јавност. А, Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон Македонија и иднината на Македонија исклучиво ја гледа во рамки на обединета Европа. Тој вели не постои таков документ, ми вели пренеси ги моите поздрави до македонскиот народ и мојата поддршка, вели Мицкоски.