Јанша уверува дека нема нон-пејпер за прекројување на БиХ

by Фокус

Словенечкиот премиер Јанез Јанша иницирал телефонски разговор со членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, кому го уверил дека не постои нон-пејпер поврзан прекројување на границите или повреда на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Како што соопшти Претседателството на БиХ, Јанша истакнал дека го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот евроатлантски пат, целосно почитувајќи го Дејтонскиот мировен договор.

Џаферовиќ рече дека во старт треба да се спречи секаква приказна за етнички и територијални поделби на Босна и Херцеговина, додајќи дека единствен пат за БиХ е нејзината понатамошна внатрешна реинтеграција и евроатлантска интеграција.

Поврзани новости