Мицкоски: Беспрекорно функционираме со Илија Димовски

by fokus

Христија Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното интервју на МТВ1 истакна дека комуницира со пратеникот Илија Димовски, кој заедно со уште неколкумина истакнати членови на партијата не присуствуваше на конгресот на кој беше избран Мицкоски и бараше одложување на изборот за наследник на Груевски. По неговиот избор пак Димовски си даде оставка од функцијата координатор на пратеничката група.

-На координација, која не е задолжителна, доаѓа Илија Димовски, односно најчесто доаѓа, беспрекорно функционираме, истакна Мицкоски.

Тој појасни дека Влатко Ѓорчев е привремен координатор на пратеничката група и наскоро ќе се знае кој од пратениците ќе ја превземе оваа функција.

 

 

Поврзани новости