Груевски му остави аманет да расчисти со предавниците, Мицкоски им порача дека врататa им отворена!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето прво интервју, кое во моментот се емитува на МТВ1, порача дека врататa во партијата е отворена за сите, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе расчисти со партиските предавниците, како што му порача неговиот претходник Никола Груевски.

-Овие луѓе многу дале за партијата, вратата им е секогаш отворена, со најголем дел од нив и лично контактирам. Мотото е обединување, без разлика дали во минатото сме имале различни ставови. Треба да им застанеме на овие штетни политики кои ги води владата на СДСМ, кои не го подобрија квалитетот на животот на граѓаните. Секој добронамерен сопартиец и граѓанин е добродојден во партијата, рече Мицкоски.

Тој појасни дека ќе има внатрешна реконструкција во партијата, и најави дека  ќе се формираат две нови тела, совет на извршен комитет и совет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, со што како што рече, ќе понудат една нова надеж.

-Имам можност да им служам на граѓаните и на мојата држава, и ова ќе биде дополнување на моето портфолио, рече Мицкоски.

Поврзани новости