Мицкоски: Најголемата штета на ВМРО-ДПМНЕ беше направена со насилството во Собранието

by fokus

Најголемата штета на ВМРО-ДПМНЕ беше направена со насилството во Собранието, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за МТВ1. Сепак тој потенцираше дека во моментот во притвор се и невини луѓе, кои според него на 27 април не извршиле никакво насилство.

-Во моментот мајка на две деца се наоѓа во притвор повеќе од 30 дена, и уште неколку луѓе, татковци, сопрузи, кои немаат врска со насилство, а најмалку со тероризам. Не бараме амнестија за луѓето кои се фатени во насилство и ние први тоа го осудивме, но за овие луѓе ќе бараме, истакна Мицкоски.

Тој реагираше дека оваа власт го злоупотребува притворот, па на реакција од новинарот од Алсат-М, дека и претходната влада го злоупотребувала притворот, тој истакна дека не се согласува со оваа констатација, но напомена и дека доколку било така, оваа власт ја усовршила злоупотребата и уште посурово ја применува.

Поврзани новости