642
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија, одговори на обвинувањата на СДСМ за набавка на 100 електрични автобуси.
„Ако е грев тоа што сакаме да го подобриме комфорот на скопјани, квалитетот на животот на скопјани, да го подобриме квалитетот на воздухот, затоа што изминатите четири години буквално ништо не беше преземено, а кое тоа грев да одиме по светот и да бараме инвеститори кои што ќе отворат фабрика во Македонија, ќе вработат Македонци, ќе ги платат тие Македонци и од Македонија ќе извезуваат оваков тип на возила во Европа, тогаш да не чекаат веднаш да дојдат и да ме апсат“, вели Мицкоски.