Разрешен e Ване Цветанов

Владата била незадоволна од неговата работа, неофицијално дознава Фокус.

by Фокус

Ване Цветанов е разрешен од позицијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, велат за Фокус високи владини извори.

Неофицијално, Владата била незадоволна од неговата работа, а воедно периодов изби и сканал со ангажман на неговата сопруга.

Инаку, Цветанов е на чело на институцијата од 2019 година, кога го постави претходната Влада на Зоран Заев.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, тој беше директор на на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Но, брзо влезе во конфликт со матичната партија, па за време на владеењето на Никола Груевски, беше обвинет и подоцна осуден во случајот „Шпион“.

С.Т.

Поврзани новости