Откако повеќе од 1.000 рудари останаа без работа, без егзистенција и без надеж заради стечајот на рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сега повторно се обидуваат предизборно да ги манипулираат, изјави на прес конференција Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.
– На целата мака што ја имат рударите, ВМРО-ДПМНЕ предизборно ги лаже рударите дека наводно ќе им се решел проблемот. Основано рударите веќе не им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и се сомневаат дека нивниот проблем е решен, туку дека поради изборите никој не ја соопштува вистината. Причината што многу рудари заминуваат од Македонија и парче леб бараат во Србија е недовербата во ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Според информациите од рударите, зад фирмата којашто наводно се јавува како купувач на рудниците, стои фирма од Бугарија директно поврзана со Никола Груевски – вели Мицевски.
Тој прашува што се крие зад поврзаноста на Никола Груевски со Балканска банка и компанијата која што била доминантен сопственик на оваа фирма?
– Дали намерно се отстранети другите компании од јавното наддавање, со цел да биде намалена конкуренцијата и се постигне пониска цена? Дали зделката е склучена само за да се манипулираат рударите до изборите? ВМРО-ДПМНЕ е должна да одговори на овие прашања – прашува Мицевски.
Според него, рударите се револтирани и со право реагираат – тие не сакаат лажни, нереални и времени решенија туку вистинско решавање на нивниот проблем.