Мицевски: На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес беа изгласани измените на Изборниот законик

by Fokus

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, господинот Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на Изборниот законик“ рече во Собрание координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски,

Тој напомена дека „без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава“.

„Ова е последица на хаосот кој што зад себе го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата. Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите. Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори“ рече тој.

Поврзани новости