Мицевски: Ако нема министер, документите ги потпишува заменикот, а не премиерот

by Фокус

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, порача дека премиерот Зоран Заев не може да биде министер за финансии, упатувајќи на Членот 13 од Законот за влада, кој пропишува дека „Министерот самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“.

-Министерството има заменик-министер и секој за документ непотпишан од заменикот да размислуваат вработените како ќе постапуваат зашто ќе бидат повикани на одговорност – рече тој.

Воедно, Мицевски побара да добие одговор зошто Заев го разреши министерот за финансии Драган Тевдовски кога, додава тој, владата се фали дека изминатава година е година на економијата?

Поврзани новости