Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митрески, смета дека законот кој наметнува обврска за здравствено и пензиско осигурување на хонорарците ќе ја сузбие нелојалната конкуренција и вистински ќе го вреднува трудот.
– За нас како синдикат значајно е овие работници да бидат внесени во системот на социјални осигуреници – за секој труд да биде евалуиран и да биде платен и со пензиско и со здравствотено осигурување. Со донесувањето на овој закон ќе се елиминира големата нелојална конкуренција и ќе се елминира еден голем дел на работници кои работеа во сива економија и не можеа да бидат заштитени. Според анализите, голем дел од вработените во приватниот сектор работат со минимална плата, кај останатите беа правени злоупотреби, односно еден дел беа ставени како хонорарци и беа елиминирани од сите работнички права – рече Митрески.
Против ваквите законски одредби, неколку синдикати и здруженија, меѓу кои и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, најавија протест во понеделник.